речник контакт

Што науката ќе промени за следните пет години?

ИБМ вели дека овие пет работи за пет години ќе го променат светот,фокусoт e на можноста компјутерите да ги имитираат човечките сетила

Петар Печков

Информатичкиот гигант ги објави своите прогнози за развој на технологијата и предвидуваат дека на мобилните телефони ќе почувствуваме други материјали, но и дека нашите други сетила ќе се прошират. Во светот на технологијата, пет години се вистинска вечност. Многу од нас не се сеќаваат на 2007 година, а ИБМ предвидува како ќе изгледа нашиот свет во 2018 година. Користејќи ги постоечките технологии, предвидуваат во која насока ќе се развива и како ќе се подобри нашиот живот. Така предвидуваат дека новата генерација на компјутери ќе се учат, ќе се прилагодуваат, но и ќе почнат да го доживуваат светот таков каков што е. Овогодишните проценки се фокусираат на можноста компјутерите да ги имитираат човечките сетила.  


Допир 
ИБМ вели дека инфрацрвената технологија, хаптиците и вибрациите ќе овозможат на уредите да симулираат сетило на допир на некоја површина. Така преку мобилен телефон ќе може да се почувствува нежноста на свилата или грубоста на дрвото.

Вид

Во една година снимаме над 500 милијарди фотографии, а секоја минута на ЈуТјуб се вчитуваат 72 часа видеа. Проценките се дека до 2016 година пазарот на медицинска дијагностика ќе порасне на 26,6 милијарди долари. За пет години компјутерите ќе можат да видат слики и да ја разберат нивната содржина, но и да дадат смисла на пикселите, на начин на каков што ние даваме смисла на фотографиите. Така ќе биде можно да извлечат слика од многу визуелни податоци преку најмали примери или аномалии, што би можело да има големо влијание на медицината, трговијата, но и на земјоделството. 

Слух

Сите софистицирани сензори ќе можат да препознаат најмали промени во звучните бранови, вибрации и на разни фреквенции. Тие податоци ќе можеме да ги користиме за да предвидиме одрон на земја или кога ќе почне да пука мост, но и тоа што би сакале да ни кажат бебињата. За да научи што значат некои звуци, ќе извлекува заклучоци од претходното знаење па ќе препознава разни примери. Со анализа на звуците и препознавање на примерите, би можеле полесно и подобро да комуницираат со други култури и јазици. 


Вкус

Истражувачите развиваат системи кои можат да анализираат состојки на молекуларно ниво, а потоа да спојат состојки на храна со тоа што ни е вкусно. Со споредба на милиони различни рецепти, компјутерот ќе може да создаде уште повкусни комбинации на храна, што може да донесе уште покреативна кујна. Таквиот систем може да се користи и за создавање на поздрава исхрана.
 
Мирис

Сензорите во мобилните телефони ќе препознаваат дали ќе настинеме. Со анализа на мирисот и на други молекули во нашиот здив, лекарите ќе можат полесно да дијагностицираат и да следат многу болести. Веќе денес се користи анализа на околината и гасовите, за да се заштитат уметнички дела. Развојот на сензорите и на комуникациската технологија ќе може да се користи во земјоделието за анализа на условите во кои растат нашите посеви, а во урбаните региони за анализа на загадувањето.

 тексто е преземен од 24 часа - Белград

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »